Пет лица се убиени утринава во Домот за стари и изнемоштени лица во Дарувар, Хрватска.
Маж влегол во Домот за стари и изнемоштени лица и почнал да пука. Според првичните информации на местото на настанот загинале пет лица, а на некои се уште им се укажува лекарска помош.
Убиецот се обидел да побегне, но полицијата го уапсила во близина на кафуле.
Како што соопшти Јутарњи лист, убиецот е К.П. од Долен Дарувар, роден 1973 година и ја убил мајка си, штитениците и вработените во домот.