Приведено лице од велешко поради предизвикување пожар, палел седишта од автомобил на депонија

moskva-pozar1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Како дел од оперативната акција „Пожар 2024“, денеска, по добиена пријава на телефонскиот број 112 дека непознати лица ја палат депонијата која се наоѓа на патот с.Горно Оризари – с.Клуковец, велешките полицајци на лице место го затекнале С.Ц. од Горно Оризари. На депонијата тој палел две седишта од автомобил, а во непосредна близина предизвикал пожар, се запалила сува трева.



Полицијата го уапсила, а пожарникари го изгасиле пожарот.

„По насоки на јавен обвинител од ОЈО Велес, лицето е задржано во полициска станица за понатамошна постапка и по документирање на случајот, од страна на СВР Велес ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело ’предизвикување општа опасност’ по чл.288 од КЗ’, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

Министерството апелира до граѓаните да бидат исклучително внимателни кога се движат во природа. Секоја активност во насока на намерно или ненамерно предизвикување на пожари ќе биде санкционирана најстрого во рамките на законските норми.

Ако граѓаните забележат какво било сомнително движење или активности, веднаш да пријават во најблиската полициска станица или на телефонот 112.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK