Неискосена трева, паднати гранки од дрвја, несредено зеленило е секојдневната слика на парковите и зелените површини во Скопје, реагираат од Либерално-демократската партија.
„Градот Скопје, како и претпријатието ’Паркови и зеленило’ не само што не се грижат за изгледот на зелените површини, туку и не се грижат за здравјето, благосостојбата како и квалитетот на живот на нашите граѓани. Токму затоа очекуваме да преземат конкретни мерки за подобрување на состојбата на парковите и зеленилото во нашиот главен град“, велат од партијата.
Од ЛДП порачуваат дека се решени да се заложат за подобрување на состојбата на јавните зелени простори, вклучувајќи го чистењето и редовното одржување на зеленилото.
„Парковите треба да бидат пријатни места за одмор и рекреација за сите граѓани, и затоа сме подготвени и да соработуваме со одговорните институции за постигнување на ова цел“, велат од ЛДП.
Имајќи ја предвид состојбата, од партијата јавно прашуваат дали Скопје има градоначалник.