Претседателката на Европската банка за обнова и развој утре доаѓа во втора посета на земјава

Odil-Reno-Baso.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателката на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Одил РеноБасо ќе дојде во дводневна посета на земјава. Ова ќе биде нејзината втора посета откога е на функцијата. Првата ја направи во мај 2022 година.


„Со задоволство ја очекувам втората посета на Северна Македонија по втор пат. Северна Македонија е значајна инвестициска дестинација за нас, каде ЕБОР има водечка сума на инвестиции“ рече претседателката Рено – Басо.

За време на посетата Претседателката на ЕБОР ќе се сретне со Владини претставници, клиенти, претставници од бизнис секторот и претставници од граѓанскиот сектор.

ЕБОР е главна институција во земјава во однос на инвестициите во земјата. До денес, Банката има инвестирано 2,9 милијарди евра во 190 проекти во целата земја.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK