Повеќе од 50 сантиметри снег паднаа во популарните скијачки центри во југоисточниот дел на Австралија.
На местото Фолс Крик на северо-источниот дел на Викторија во изминатите 24 часа наврнале 45 сантиметри снег, а во последните седум дена повеќе од 70 сантиметри. Менаџерот на планината Булер и Менаџерот на ски-центарот на планината Стирлинг, Дејвид Кларк, изјавија дека снегот постојано паѓа од петокот вечерта, пишува Гардијан.
На планината Хотам до утрово падна 31 сантиметар снег, а на север, во ски-центарот Тредбо, во текот на ноќта паднаа 27 сантиметри снег. Метеоролозите предвидуваат дека во следните десет дена би можеле да наврнат уште 50 сантиметри снег.
Студениот бран кој се движи низ Јужна Австралија кон Викторија, Нов Јужен Велс и Квинсленд донесе снег, виулици и рекордно ниски температури, пренесува Танјуг.