Алекса Аврамовиќ нема да остане во Партизан иако има договор за следната сезона. „Спорт клуб“, повикувајќи се на свои извори објави дека српскиот репрезентативец кариерата ќе ја продолжи во ЦСКА Москва.
Договорот не е потпишан, сите негови детали се договорени, а официјализирањето на трансферот ќе следува по Олимписките игри во Париз.
Аврамовиќ пред Партизан настапуваше за Естудијантес, а беше член и на Варезе, Уника, Борац од Чачак и ОКК Београд.
Што се однесува до црно-белите, тие официјално ги најавија доаѓањата на Франк Ниликина, Габриел Лундберг и Вања Маринковиќ.