Фудбалскиот клуб Наполи ги договорил личните услови со белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку, пренесува новинарот Џанлука ди Марцио.
Веќе некое време е познато дека сите страни се во контакт и дека трансферот дефинитивно ќе се реализира. Лукаку ќе го замени во нападот Виктор Осимен чии трансфер во ПСЖ исто така е извесен.
Наполи и Лукаку договориле три годишна соработка, за плата од 6.000.000 евра по сезона. Останува само Наполи и Челзи да се договорат за обештетувањето. Англискиот клуб бара 35.000.000, Италијанците ќе се обидат да ја намалат сумата.
Антонио Конте ќе го добие својот омилен напаѓач. Лукаку и Конте беа дел од интер во периодот од 2019 до 2021. Белгиецот тогаш за две сезони постигна 64 гола.