(Видео) Вучиќ го испрати Шолц до автомобилот: „Да ми објасни некој што чека?“

vucic.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Србија денеска потпиша Меморандум за разбирање со Европската Унија за стратешко партнерство за одржливи суровини, синџири за производство на батерии и електрични возила. Овој потег ја носи Србија чекор поблиску до започнување на ископ на литиум на западниот дел на земјата, на што силно се спротивставуваат еколошките активисти, граѓанските движења и речиси целиот опозициски корпус.


Документот го потпишаа извршниот потпретседател на Европската комисија и комесар за енергетика и европски зелен договор Мартин Шефчовиќ и српската министерка за рударство и енергија Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ во присуство на српскиот претседател Александар Вучиќ и германскиот канцелар Олаф Шолц, кој пристигна во Белград синоќа по тој повод.

Потпишувањето на документот е проследено со силно противење на еколошките активисти, граѓански иницијативи и движења и речиси сите партии од опозицискиот спектар – од леви и централни до конзервативни и десни политички опции.

Но, кога дојде Шолц, се појави интересна, малку непријатна ситуација. Вучиќ го чекал Шолц да излезе од авионот и го придружувал по црвениот тепих до неговиот автомобил. Шолц потоа влегол во автомобилот, а Вучиќ останал покрај автомобилот чекајќи го гостинот од Германија да замине.

Но, поради некоја причина Шолц не замина, туку седеше во автомобилот. Вучиќ стоеше чекајќи да си замине. Претседателот на Србија во еден момент се сврте кон некого и праша: „Да ми објасни некој што чека!“

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK