Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски соопшти дека денес се исплатени субвенциите за мерките 1.3 и 1.10 од програмата за 2023 година.
– Денес се исплатени 252.234.467 денари за мерка 1.3 кон 4.328 земјоделци за остварено производство на пченица, јачмен, сончоглед, маслодајна репа и афион од програмата за 2023 година, и 14.743.587 денари за мерка 1.10 кон 293 земјоделци за предадено овошје на домашни преработувачи од програмата за 2023 година, соопшти Трипуновски.
Субвенциите веќе денес ќе им бидат на располагање на сметките на земјоделците.
– Остварено уште едно ветување дека ќе го средиме хаосот со исплатите на субвенциите, само со чесна, одговорна и посветена работа ќе стигнеме до целта, а тоа е задоволни земјоделци! – дополни Трипуновски.