Минчев-Агелер: истакната силна воља за реформи во јавната администрација и поздравена поддршката од САД

IMG_9026.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Амбасадорката на САД во Република Македонија, Ангела Агелер и Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денеска одржаа состанок на кој ги истакнаа силните и трајни односи како и нивната заедничка посветеност за промовирање на добро владеење и ефективна департизирана јавна администрација.


На средбата стана збор за зајакнување на билатералните односи и истражување на можностите за соработка во јавната администрација и управувањето.

Амбасадорката Агелер и министерот Минчев разговараа за иницијативите за подобрување на јавните и дигиталните услуги, како и промовирање на транспарентноста и одговорноста во владините институции.

Од страна на Агелер беше силно изразена посветеноста да ги поддржи нашите заложби за модернизирање на јавната администрација и воедно ја истакна важноста од континуирано партнерство меѓу двете нации.

Двете страни се согласија за потребата од тековен дијалог и соработка за справување со заедничките предизвици и унапредување на заедничките интереси. Исто така, Минчев ја потенцираше важноста од отворен дијалог меѓу сите засегнати страни при одлучување за сите актуелни и идни законски решенија.

Министерот Минчев ја истакна силната воља за реформите во јавната администрација и ја поздрави поддршката од САД.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK