Нема веќе пожари во близина на Калањево, информираше на социјалните мрежи, неготинскиот градоначалник Горан Стојанов.
„Во околината на селото Калањево во овие моменти е мирно и безбедно, нема пожари во близина и не е доведена во прашање безбедноста на имотите на граѓаните. И покрај тоа, дел од расположливите ресурси од луѓе и механизација во моментов се насочени кон создавање безбедносни појаси околу Калањево, со цел во случај на евентуално присуство на пожари, селото да биде отсечено и безбедно“, напиша градоначалникот.
Појасни дека активности на терен со луѓе и механизација се присутни и на планината Серта од неготинска страна, со цел за создавање услови за полесно справување при појава на пожари.
Пожарот во Неготинско се гаснеше неколку дена од копно и од воздух, а дождот кој заврна вчера попладне помогна во гаснењето на пожарот.