МНР со потврда за сообраќајката во Србија, во која загина Македонка а три лица се повредени

16-лица-повредени-во-сообраќајката-меѓу-товарно-и-патничко-возило.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија преку Амбасадата на Република Северна Македонија во Белград е информирано дека вчера во попладневните часови во близина на населеното место Палојце се случила сообраќајна незгода во која животот го загубило едно лице, додека три лица се повредени, се наведува во соопштението.


„Согласно информациите од амбасадата, лицето кое го загубило животот е државјанин на Република Северна Македонија, додека повредените лица се државјани на Република Словенија.

Амбасадата во Белград е во постојана комуникација со надлежните служби на Република Србија и за сите дополнителни информации јавноста ќе биде навремено информирана“, истакнуваат од МНР.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK