Во Русија нема извештаи за дефекти во ИТ системите на аеродромите

haker-724x406.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Руското Министерство за дигитален развој не добило никакви пријави за дефекти во компјутерските системи на аеродромите во Русија поврзани со проблеми во работењето на програмите на Мајкрософт, соопшти прес-службата на тоа министерство.



Министерството наведува дека денешната состојба на глобално ниво во врска со програмата на Мајкрософт уште еднаш ја покажува важноста од замена на увезениот странски софтвер, пред се во објектите за критична информациска инфраструктура, пренесува агенцијата „Интерфакс“.

Истовремено, меѓународниот аеродром „Шереметјево“ во Москва соопшти дека работи нормално и дека влезните и појдовните летови на руски и странски авиокомпании се одвиваат според планираното, пренесува РИА Новости.

Проблеми и прекини во ИТ мрежите, вклучително и банките, телекомуникациските компании, медиумите и авиокомпаниите, денеска беа пријавени ширум светот, а погоден е и компјутерскиот систем на Летните олимписки игри во Париз, кои почнуваат за една недела, објавија светските медиуми.

Компанијата „Мајкрософт“ објави дека презема „дејства за ублажување“ на проблемите што ги пријавиле корисниците, што предизвикало технички проблеми и прекини во функционирањето во компаниите и банките ширум светот.

Компанијата за сајбер безбедност „Crowdstrike“, која произведува антивирусен софтвер, се верува дека стои зад глобалните проблеми со оперативниот систем Виндоус кои ги нарушија ИТ услугите, објави Би-Би-Си.

Според некои извештаи, „Crowdstrike“ објави софтверска надградба која почна да ги уништува уредите што работат на оперативниот систем Windows и да предизвика таканаречен „син екран на смртта“ на компјутерите.

Засега не е јасно дали овие проблеми се поврзани или само се случуваат во исто време, но сигурно е дека ќе предизвикаат многу проблеми, пренесува Танјуг.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK