„Од првиот ден на пожарите, Мицкоски не знае што прави и како треба да ја менаџира кризата со пожарите. Целосно отсуство на одговорност и грижа се забележува кај премиерот, кој смета дека ако избега во странство или се бави со фрлање лопати на нови чешми, проблемот ќе исчезне.
Ветуваше дека за ден-два ќе биле пожарите под контрола, па откако работата отиде јабана, избега во странство. Откако виде дека лопатите не помагаат реши дека е најдобро да не е во земјата. Додека граѓаните со лопати самите гасат, тој фрла лопати за ПР“, велат од СДСМ.
„Целата планина Серта е изгорена како резултат на спората реакција. Ова го потврдува локаланото население кое самото тврди дека четири и пол дена не добиле соодветна подрршка и не се сфаќала состојбата сериозно. Во моментов под закана е Пелистер, гори на 13 места, а Мицкоски си тера протоколарни настани за да помуабети со Орбан. Ништо корисно нема државата од неговите патувања, освен дека си прави фамилијарни прошетки“, додаваат од СДСМ.
Ваква недоговорност како што велат не е забележана од ниеден премиер во минатото.
„Го повикуваме Мицкоски да го прекине шетањето по светот и удобните патувања на трошок на народот да ги замени со работа, за што е платен токму од граѓаните“, завршуваат од СДСМ.