Фабрегас го донесе Реина во Комо

1002275687.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Шпанскиот голман Пепе Реина (41) ја продолжува кариерата во таборот на новиот член на Серија А, Комо.


Искусниот фголман ја прифати поканата на неговиот нов, четири години помлад тренер, Сеск Фабрегас.

Реина пристигнува да помогне кога е потребно, тој ќе му го стави на располагање на клубот своето огромно искуство што го собра во Барселона, Виљареал, Ливерпул, Наполи, Баерн, Милан, Астон Вила и Лацио.

Претходната сезона беше под договор со наполитанците.

Ја смени средината, но не и државата, па следната сезона ќе брани за клубот кој се наоѓа „на најубавото место на светот“, како што сакаат да кажат за себе во Комо, чиј стадион се наоѓа веднаш до прекрасното истоимено езеро.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK