Маж се удави во Дојранско Езеро, од чамец скокнал во водата, пливал кратко и исчезнал

dojran-ezero.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претпладнево во 10:10 часот во СВР Струмица било пријавено дека во Дојранско Езеро се удавил маж. Лицето скокнало во водата од чамец, пливало неколку метри, по што се удавило.


„Полициски службеници од ОВР Гевгелија се на местото на настанот. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес, а повикани се нуркачки екипи за пронаоѓање на лицето, информираа од СВР Струмица“ велат од МВР.

Засега не се соопштува идентитетот на удавениот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK