Врховниот суд на Јужна Кореја денеска пресуди дека истополовите парови имаат право на исти бенефиции за здравствено осигурување како и хетеросексуалните парови.
Врховниот суд објави дека носењето поинаква одлука би било чин на дискриминација, со што би се прекршил Уставот, пренесува АП.
Одлуката е конечна и не може да се обжали, соопшти судот.