Шеснаесет лица загинаа во пожар во стоковна куќа во југозападната кинеска провинција Сечуан, објавија државните медиуми. Синоќа кинеската државна телевизија CCTV објави дека шест лица загинале во пожарот.
Пожарот избувна во 14-катница во високотехнолошката зона на градот Зигонг, обвивајќи ја околината со густ чад, јавува новинската агенција Ксинхуа.
Пожарот бил изгаснат дури во раните утрински часови, јави CCTV. Прелиминарната истрага покажа дека пожарот настанал од градежни работи, а во тек е натамошна истрага за утврдување на точната причина за пожарот.