Нема повеќе опасност по кавадаречкото село Шивец, изјави првиот човек на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.
За кратко ќе биде воспоставена целосна контрола, рече Ангелов, кој заслугите му ги прпиша на локалното население кое се искачило на ридот за да си го спаси селото.
„Локалното население со лопати и со гранки успеа да ги совлада огнените јазици“, рече Ангелов.
Засега пожарот продолжува да гори на другата страна на ридот, а според прогнозите на директорот на ЦУК, ќе биде многу тешко да се изгасне.