Градоначалничката на Париз пливаше во Сена, сакаше да докаже дека е доволно чиста за Олимписките игри

An-Idalgo.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

По неколку месеци исчекување, градоначалничката на Париз, Ан Идалго денеска го исполни ветувањето и влезе во загадената река Сена. Таа сакаше да докаже дека реката е доволно чиста за да биде домаќин на пливачки настани за време на Олимпијадата во 2024 година.


Облечена во костум за нуркање и очила, Идалго нурна во реката во близина на Градското собрание, нејзината канцеларија и катедралата Нотр Дам.

„Сена е одлична. Водата е многу, многу добра. Малку постудена, но не толку лоша“, рече Идалго од водата, пренесува Асошиејтед прес.

Олимпијадата ќе започне на 26 јули со раскошна церемонија на отворено, вклучувајќи и парада на спортисти на бродови на Сена. Дневните тестови за квалитетот на водата на почетокот на јуни покажаа зголемени нивоа на бактеријата ешерихија коли, но следеа одредени подобрувања.

Пливањето во Сена е забрането повеќе од еден век. Од 2015 година организаторите инвестирале 1,5 милијарди евра за да ја подготват Сена за Олимписките игри и парижаните да имаат почиста река по Игрите.

Планот вклучуваше изградба на огромен подземен базен за складирање на вода во центарот на Париз, реновирање на канализационата инфраструктура и надградба на пречистителната станица за отпадни води.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK