Поранешниот Формула 1 возач Ралф Шумахер, братот на Михаел Шумахер, пред неколку дена објави фотографија со својот партнер на Инстаграм и на тој начин откри дека е геј. По бројните пораки за поддршка, Ралф сподели уште една фотографија со својот партнер и им се заблагодари на сите.
View this post on Instagram
„Многу ви благодарам за многуте честитки и коментари. Многу сме среќни. Ви благодариме на сите“, напиша тој на Инстаграм.
„Мило ми е што ја најдовте среќата“, „Мило ми е што си свој, љубовта е љубов, ја имате мојата целосна поддршка“, „Изгледате навистина среќно“, „Ти посакувам се најдобро“, се некои од коментарите од неговите следбеници.
View this post on Instagram
Покрај првата објавена фотографија со својот партнер напиша: „Најубаво е кога имаш вистински партнер во животот со кој можеш се да споделиш“.
Ралф беше во брак со манекенката Кора Бринкман 14 години, со која го има синот Дејвид (22). Тој се разведе од неа во 2015 година.