Од Левица истакнуваат дека ребалансот на Буџетот на Град Скопје беше заеднички изгласан од навидум двете спротивставени политички партии СДС и ДПМНЕ во Советот на Град Скопје.
Во меѓувреме, како што додаваат, амандманот за финансиска поддршка за функционирање на културните установи, што беше поднесен од советниците на Левица, не беше изгласан ниту од ДПМНЕ, ниту од СДС.
„Граѓаните на Град Скопје треба да се запознаени со ваквото лицемерие на двете политички партии кои за важни работи за функционирање во градот воопшто не гласаат, меѓутоа кога се работи за нивни потајни договори, нивната коалиција е очигледна“, се подвлекува во реакцијата на оваа партија.