ЈП Комунална хигиена-Скопје информира дека на територијата на Град Скопје вклучително и општина Аеродорм комуналниот отпад се собира и транспортира, во согласност со динамиката утврдена со оперативната програма за собирање и транспортирање на комуналниот отпад од подрачјето на градот Скопје, усвоена од страна на Советот на Градот Скопје.
„Редовно се врши рачно и машинско метење и машинско миење на улиците и булеварите кои се под надлежност на Град Скопје согласно Планот за јавна чистота. Во изминатиот период на територија на општина Аеродорм расчистени се 115 м3 кабаст отпад и градежен шут“, се истакнува во соопштението.
ЈП Комунална хигиена-Скопје апелира до несовесните граѓани да го почитуваат Законот за јавна чистота и да не го одложуваат отпадот на јавни површини, туку во садовите за смет кои се за таа намена. Кабастиот отпад бесплатно може да го однесат во Центарот за селекција на отпад во општина Карпош или за соодветен надомест да ги повикаат службите на Претпријатието кои ќе го подигнат и одложат соодветно.
Ги повикуваат да се активираат и да излезат на терен инспекциските служби при општината коишто се надлежни и задолжени да го санкционираат секое прекршување на Законот за јавна чистота.