И ова лето МТЕЛ за своите корисници овозможи неверојатно поволен пакет за роаминг интернет во Грција достапен со секое купување на нова припејд СИМ картичка mSTART Kalimera.
Без разлика дали се работи за неверојатнo зајдисонце над Егејот, епска забава на плажа или совршена #OOTD со mSTART Kalimera ќе имате доволно интернет за да го снимите секој момент и веднаш да го споделите на социјалните мрежи.
„Во МТЕЛ знаеме колку е важно да останете поврзани со вашите пријатели онлајн, но и да ги споделите најубавите моменти од вашиот одмор на вашите профили на социјалните мрежи. Па затоа и оваа година ја овозможивме пакет тарифата mSTART Kalimera со која што може безгрижно да бидете онлајн додека уживате во прекрасните плажи во Грција“, велат од компанијата.
mSTART Kalimera вклучува SIM припејд картичка со вклучен 4GB интернет во роаминг со важност од 30 дена и може да се користи само во Грција.
Во МТЕЛ се достапни и Europe NetUP пакетите кои вклучуваат интернет во роаминг во други 36 држави низ Европа.
МТЕЛ мобилните картички се достапни на повеќе од 500 продажни места низ државата.
Повеќе информации за понудата може да добиете на веб-страница www.mtel.mk или телефонскиот број 15010.