Oбвинителството испитува неправилности во ЈСП по тврдењата дека автобусот заврши во жардиниера кај „Мавровка“ поради неисправност

автобус.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Основното јавно обвинителство оформи предмет за настанот со автобусот на ЈСП, кога возачот  на 8 јули изгуби контрола, излета во лево и удри во бетонска жардиниера на булеварот Гоце Делчев.


Тогаш со телесни повреди се здобија возачот на автобусот и двајца патници.

Од Обвинителството велат дека ќе се испираат и наводите што се изнесени преку јавно искажани изјави од учесници во настанот и од други лица со кои се укажува на незаконитости во работењето на ЈСП Скопје, во поглед на исправноста и одржувањето на автобусот со кој се случи незгодата.

„За таа цел е ангажирано вешто лице од областа на машинството и издадена е наредба за преземање мерки до МВР – Биро за јавна безбедност да обезбеди податоци и документација од ЈСП Скопје во однос на одржувањето, сервисирањето и исправноста на автобусот, како и организацијата на работниот процес. Согласно наредбата, во присуство на вештото лице ќе се изврши проверка на исправноста на автобусот. Дадени се насоки да се извршат и разговори со лица кои имаaт сознанија за настанот“, информираа од Обвинителството.

По настанот, возачот изјави дека им даваат да возат неисправни автобуси и затоа возилото излетало од коловозот.

Претседателот на Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија (КСОМ) Марјан Ристески кажа дека за инцидентот е виновно раководството на претпријатието кое не ги сервисира автобусите и со тоа ги доведува во опасност вработените, но и патниците.

„Инцидентот се случил бидејќи бил неисправен воланот, односно во тој момент се закочил и благодарение на присебноста и искуството на возачот не дојде до поголема несреќа. За овој автобус како и за други се пријавувало дека се неисправни, но не се сервисираат. Замислете, овој автобус пред неколку дена возел до Водно“, рече Ристески.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK