Гори руска фабрика: Украинците со дронови гаѓаа кон Курската област

skrinshat.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вршителот на должноста гувернер на Курската област, Алексеј Смирнов, соопшти дека украинските војници синоќа со беспилотни летала ја нападнале Курската област, поради што избувнал пожар во фабриката за нисконапонска опрема.


„Фрлена е експлозивна направа на територијата на фабриката за нисконапонска опрема во Коренево. Пожарот во една од технолошките работилници го гаснат противпожарни бригади од два округа“, напиша Смирнов на каналот Телеграм, пренесува Интерфакс.

Според него, никој од работниците во фабриката не е повреден.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK