Анхел ди Марија на перфектен начин се прости од дресот на репрезентацијата на Аргентина. Како играч на натпреварот ги предводеше „гаучосите“ до победа од 1:0 над Колумбија за титулата шампион на Копа Америка.
Ди Марија дебитираше за Аргентина на 6 септември 2008 година во натпреварот против Парагвај во квалификациите за Светското првенство 2010 година.
Во дресот на „гаучосите“ одигра 144 натпревари на кои постигна 31 гол, забележа 32 асистенции и освои пет трофеи, вклучувајќи го и златниот медал на Олимписките игри во 2008 година.
„Беше запишано вака да се заврши. Им кажав на момците вчера за време на вечерата дека го сонував ова, сонував дека мојот последен натпревар во дресот на Аргентина ќе биде финалето на Копа Америка. Им кажав дека сонував дека ќе победиме. Не знам што да кажам, засекогаш ќе бидам благодарен што сум бил дел од оваа генерација“, рече Ди Марија.
Иако има 36 години, тој беше неизоставен дел од тимот на Аргентина на Копа Америка во САД. Го одигра целиот натпревар против Колумбија, кое го одбележа повредата на Меси.
„Не бев среќен што Меси мораше да излезе и така да го заврши натпреварот, но еднаш моравме да освоиме трофеј за него, да го израдуваме. Ова беше ноќта кога му се му вративме”, изјави популарниот Фидео.
Thank you for everything di Maria !! 🫶🇦🇷pic.twitter.com/E7mpv97u4W
— Messi Media (@LeoMessiMedia) July 15, 2024