Таравари отвори телефонска линија за директна комуникација: граѓаните ќе можат да се пожалат, да пофалат

Tаравари-Куршумот-има-заканувачка-мафијашка-порака-ништо-нема-да-ја.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерството за здравство го објави телефонскиот број 072/899-001 на кој граѓаните ќе можат да пријават проблеми и сугестии за работата на здравствените институции и персоналот.


„Министерството за здравство отвори директна телефонска линија за комуникација на граѓаните со министерот Таравари.
Граѓаните имаат можност да ги споделат своите предлози за здравствена заштита, да пријават неправилности, да упатат пофалби за работата на здравствените работници и да предложат идеи за реформи на телефонскиот број – 072/899-001“, се истакнува во соопштението од ресорното министерство.

Исто така, како што е наведено, граѓаните ќе имаат можност и за лична комуникација со министерот за време на отворениот ден, секоја среда од 13:30 16:00 часот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK