Кралот Чарлс му напиша приватно писмо на Доналд Трамп, Бакингам не ја открива содржината

Tramp-i-Carls.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Британскиот крал Чарлс Трети напиша приватно писмо до Доналд Трамп, вели Бакингамската палата.


Монархот (75) се обрати до поранешниот претседател откако тој преживеа обид за атентат на предизборен митинг во Пенсилванија во саботата, објави „Њусвик“.

Помошниците не го споделуваат текстот на писмото на кралот, но велат дека е во согласност со коментарите на британскиот премиер Кеир Стармер. Писмото е испорачано преку амбасадата на Британија во Вашингтон.

Стармер напиша на „X“, поранешен  „Твитер“: “Згрозен сум од шокантните сцени на митингот на претседателот Трамп и му ги испраќаме нему и на неговото семејство нашите најдобри желби. Политичкото насилство, во каква било форма, нема место во нашите општества и моите мисли се со сите жртви на овој напад”.

Не е невообичаено британскиот монарх, било чарлс или кралица елизабета II за време на нејзиниот живот, да испраќа писма за поддршка во време на национална криза или катастрофа, сепак, палатата во повеќето случаи го објавува текстот на писмото.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK