Министерката за енергетика се сретна со чешкиот амбасадор, се разговарало за новоформираното министерство и за неговите цели

IMG-47a95da9c076e17a235476d21f8aafbd-V.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, денеска оствари работна средба со амбасадорот, Јарослав Лудва од Република Чешка.


На средбата се разговараше за новоформираното министерство за неговите цели, активности и проекти.

Министерката Божиновска ја истакна огромната важност за реализирање на нови капитални инвестиции во полето на енергетиката и усогласување на постоечките закони со европската унија.

На средбата беше разговарано за афирмирање и унапредување на соработката со македонско – чешката стопанска комора.

На средбата се нагласи и поддршката во делот на размена на искуства и знаење во сферата на енергетиката, како и учество на работилници и бизнис форуми.

Двајцата се согласија за зајакнување на билатералните односи и интензивирање на соработката.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK