Вчера во 15.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Св.Климент Охридски“ во Скопје, Б.Ј.(30) од Скопје, управувајќи електричен тротинет, изгубил контрола и паднал на коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.