Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев изјави дека кандидатот за претседател на САД, Доналд Трамп, сигурно ќе победи на изборите, само ако не биде убиен.
„Тој секако победи. Само ако не биде убиен“, напиша Медведев на својот профил на социјалната мрежа Икс и прикачи слика од Трамп, кога формално беше уапсен во август 2023 година.
На 13 јули, Трамп преживеа обид за атентат за време на неговиот предизборен митинг во Пенсилванија, при што беше ранет. Се здобил со полесна повреда, куршум му го пробил десното уво.
Атентаторот беше убиен од офицери на американската тајна служба, која е посебно одговорна за заштита на највисоките државни функционери.
ФБИ го истражува пукањето на митингот на Трамп како можен терористички напад, пренесува „Кликс“.