ФБИ: Напаѓачот на Трамп дејствувал сам, користел полуавтоматска пушка купена од неговиот татко

f-2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Напаѓачот кој пукаше во поранешниот американски претседател и кандидат на Републиканската партија на претстојните претседателски избори во САД Доналд Трамп во саботата вечерта дејствувал сам и употребил легално купена пушка купена од неговиот татко, соопшти ФБИ.


„Станува збор за полуавтоматска пушка AR 556. ФБИ не најде никакви индикации дека осомничениот има некаква ментална болест. Нападот се смета и како домашен терористички акт и како обид за убиство“, соопшти американската агенција, а пренесе Ројтерс.

„Заканите и повиците за насилство веќе се во пораст на Интернет, особено по овој настан“, објави ФБИ.

Трамп беше повреден во пукање во саботата вечерта за време на митинг во Батлер, Пенсилванија.

Вооружениот напаѓач, 20-годишниот Томас Метју Крукс и најмалку еден од учесниците на митингот беа убиени, а уште две лица кои присуствуваа на собирот беа тешко повредени.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK