Вакви акти на насилство немаат место во цивилизирано општество, Филипче го осуди обидот за атентат на Трамп

sdsm-venko-filipce-1.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче го осуди насилството и обидот за атентат врз поранешниот претседател на САД, Донал Трамп.


„Со големо жалење и длабока загриженост ја примив веста за обидот за атентат на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп. Го осудувам секој обид за насилство, ваквите акти на насилство немаат место во цивилизираното општество и претставуваат сериозен напад врз демократските вредности и владеењето на правото.

Во овие тешки моменти на поранешниот претседател на САД, Трамп му испраќам искрени желби за брзо опоравување. Сочуство до семејствата и на другите настрадани“, вели претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK