Пратеникот Тони Јаревски го нарече лидерот на СДСМ и ексминистер за здравство, Венко Филипче, заложник на фармацевтката мафија и праша дали таму се крие одговорот за огромниот имот кој го поседува.
„Милиони евра од Клиниката за Хематолигија каде директоруваше Ирина Пановска кон веледрогеријата Др. Пановски на татко и. Во десетина милиони евра се бројат и тендерите кои Др. Пановски ги добивале и на Клиниката за Хематологија. Милиони евра од здравството со кое управуваше Филипче завршуваа и кај ’Елбијор’, фирма на Стојмир Петров, татко на сопругата на Христијан Костов, директор на Градската болница ’8 Септември’ која набавуваше вакцини“, рече Јаревски.
Освен овие тендери, Јаревски потсети на тендерите за ковид – вакцини и набавката преку фирмата “Страби“ од Хонг Конг.
„Таму се откри дека некој имал договорено да земе 100% провизија на сметка на државните пари и 35 милионскиот тендер за реагенси. Дали зад овие и уште мноштво други тендери, се крие одговорот за хациендата на Филипче на Водно и луксузното ’ауди Q8’?“, рече Јаревски.
Тој на прес-конференција јавно праша дали и колкав имот крие Филипче на туѓо име и најави дека одговорност ќе има.