Полицијата на граничниот премин Богородица вчера фати Србин кој покажал фалсификувана лична карта.
„На 13.07.2024 во 06.00 часот на Граничниот премин Богородица, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишиле од слобода Н.Г.(54) од Р.Србија поради тоа што при извршена контрола констатирано било дека личната карта што ја дал на увид била фалсификувана“, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Полицијата го уапси и го предаде во Полициската станица Гевгелија за понатамошно постапување.