40-годишникот им дал на малолетниците лекови за да ги пијат во комбинација со алкохол – Обвинителството со детали за случајот со четирите деца

Обвинителството-ги-проверува-наводите-од-кривичните-пријави-поврзани-со-пасошите.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Скопското обвинителство донесе Наредба за истражна постапка против 40-годишникот во чијашто куќа беа најдени четирите издрогирани малолетници.


Од Обвинителството велат дека мажот е осомничен за тешки дела против здравјето на луѓето и и за излагање на опасност.

„Осомничениот, додека на 11 јули во вечерните часови во неговиот дом престојувале четири деца на возраст од 15 до 17 години, ставил во промет лекови што се штетни за здравјето. Тој заедно со децата почнал да конзумира алкохол и во текот на вечерта извадил лекови “тергатол 200 мг”, “запира 10 мг” и “дијазепам 5 мг” кои ги користел за одвикнување од зависност од алкохол и кои им ги понудил на малолетниците да ги испијат за подобро расположение. Им дал да испијат поголемо количество од лековите во комбинација со алкохолот, иако бил свесен за штетната последица што може да настапи и со тоа тешко им го нарушил здравјето“, соопшти Обвинителството.

Следниот ден попладнето полициски службеници ги пронашле оштетените деца во неговиот дом во бессознание и со сериозно влошена здравствена состојба. Со возило на итна медицинска помош биле префрлени на Клиниката за токсикологија, каде што кај децата било констатирано високо присуство на бензодијазепини во крвта.

Осомничениот претходно станал и во дневната соба ги затекнал децата како лежат во сериозно влошена здравствена состојба која претходно самиот ја предизвикал, но и покрај тоа ги оставил без помош.

Надлежниот јавен обвинител оцени дека се исполнети законските основи и до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK