Две жени натепани од нивните сопрузи, уште една од поранешниот партнер, а четврта била следена и жртва на закани. Ваква е сликата во денешниот полициски билтен кога се однесува до пријавените случаи на насилство врз жени.
Така, синоќа во 4.30 часот, 40-годишна жена пријавила дека околу 00.00 часот во домот на подрачјето на Кисела Вода во Скопје била физички нападната од нејзиниот сопруг Ѓ.Н..
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Ф.Н.(29) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ при вршење семејно насилство. На 14 јуни пред маркет, пријавениот физички ги нападнал неговата поранешна вонбрачна партнерка и нејзиниот татко, нанесувајќи им телесни повреди.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против З.А.(47) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ при вршење семејно насилство. На 30.06.2024 во семејната куќа во гостиварско село, пријавениот физички ја нападнал неговата сопруга, нанесувајќи ѝ телесни повреди.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против Г.С.(39) од Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. Пријавениот, во периодот од јуни до ноември 2023 година, ја следел и ѝ упатувал закани на поранешната партнерка, објави МВР.