Москва: Дозволувањето украински напади врз Русија со западно оружје е „опасна ескалација“

ukraina.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Кремљ ги оцени како опасна ескалација изјавите на некои западни земји на овонеделниот самит на НАТО дека ќе му дозволат на Киев да го употреби нивното оружје за напад на руска територија.


Во четвртокот, шефот на канцеларијата на украинскиот претседател, Андриј Јермак, повика на укинување на ограничувањата за употреба на оружјето на западните сојузници против цели длабоко на руска територија. Ова, како што рече Јермак, ќе го промени односот на силите во војната против Русија.

„Слушнавме изјави од претставници на некои главни градови, како Лондон и други, кои не се грижат за какви било ограничувања по ова прашање, а гледаме и земји кои се обидуваат да одржат рамнотежа и кои велат дека се против олеснување на условите за употребата на ракети со долг дострел“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за новинарите.

Тој додаде дека Москва верува дека ова оружје веќе се користи за напади на руска територија.

„На крајот, проектили веќе ја погодуваат нашата територија, а што се однесува до зголемувањето на дострелот, ова е чиста провокација, нова, многу опасна ескалација на тензијата“, рече Песков.

По притисокот од Украина и некои од нејзините европски сојузници, Соединетите Американски Држави се согласија на крајот на мај да ја сменат својата политика и да му дозволат на Киев да користи западно оружје за да напаѓа цели на руска територија како дел од својата одбрана од руската инвазија, но не длабоко на руска територија.

Јермак тогаш ја нарече клучна одлука која ќе влијае на водење на војната, планирање на контраофанзивни дејства и ќе ја ослабне способноста на Русите да ги користат своите сили во пограничните области.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK