Кремљ: Не планиравме атентат врз германски производител на оружје, тоа се лажни вести

Armin-Papperger.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Германското МВР денеска не ги коментираше медиумските написи за можниот атентат на директорот на воениот концерн Рајнметал, зад кој наводно стои Русија, но укажа на влошувањето на безбедносната состојба, наведувајќи дека „многу сериозно ги сфаќа безбедносните закани“.



„Не коментираме поединечни случаи на безбедносни закани, но едно е сигурно: ги сфаќаме овие закани предизвикани од руската агресија многу сериозно“, рече министерката за внатрешни работи Ненси Фезер.

Американскиот CNN и германскиот весник Sueddeutsche Zeitung претходно објавија дека американските тајни служби ги информирале своите колеги во Германија дека Кремљ подготвува атентат врз директорот на германскиот воен концерн Рајнметал, Армин Папергер. После тоа за 61-годишниот бизнисмен се зголемени безбедносните мерки.

Папегер уште во мај рече дека „има луѓе на кои не им се допаѓа тоа што го работи“ и дека германската влада е загрижена за неговата безбедност „за што тој е благодарен“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK