Гаши: Геноцид како во Сребреница не смее да се заборави, но и не смее да се дозволи да се повтори

afrim-gashi.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Геноцид како во Сребреница не смее да се заборави, но и не смее да се дозволи да се повтори, истакна претседателот на Собранието, Африм Гаши на одбележувањето на Денот на сеќавањето на геноцидот во Сребреница во Собранието.



Гаши од името на пратениците во Собранието и од негово лично име изрази искрено сочувство за жртвите на геноцидот во Сребреница до членовите на нивните семејства, до граѓаните и институциите на Босна и Херцеговина и до нашите сограѓани Бошњаци.

Оцени дека геноцидот во Сребреница од пред 29 години се уште е свеж во колективната меморија, особено меѓу граѓаните на овие простори. Во јули 1995 година, за само неколку дена, беа убиени над осум илјади Бошњаци, од полугодишна до 90-годишна возраст, во едно од најголемите злосторства на територијата на Европа по Втората светска војна. Илјадници семејства останаа без синови, татковци, браќа, сестри, мајки, рече Гаши.

Претседателот на Собранието истакна во обраќањето дека геноцидот не е настан што се случува спонтано и што настанува сам по себе. Тој има автор, тоа е планирана и организирана акција, со намера на истребување и уништување на другиот, во овој случај на Бошњаците од Босна и Херцеговина. Тоа беше причина, како што рече Гаши, што и Северна Македонија, заедно со повеќето земји во светската организација, неодамна застана зад Резолуцијата на Генералното собрание на Обединетите нации со која се осудува негирањето на геноцидот и величење на воените злосторници и со која 11 јули се прогласува за Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница.

„Оваа Резолуција, како што истакнаа и нејзините предлагачи, не е насочена против никого посебно, туку се однесува единствено на извршителите на геноцидот, кои секако се општо познати, а за некои веќе се извршени и меѓународни пресуди за воени злосторства. Собранието на Република Северна Македонија секоја година го одбележува Денот на сеќавање на геноцидот од 1995 година, откако во 2010 година, со Декларација, е поддржана Резолуцијата на Европскиот парламент за Сребреница.
Тоа е наш начин за оддавање почит кон насилно одземените животи, сочувство кон нивните најблиски и катарза на човечкото во сите нас како индивидуи, како општества и како држави“. рече Гаши.

Ние треба да испратиме порака и до нашите деца, до идните генерации, дека треба да ги почитуваат различностите и да се спротистават на омразата, на предрасудите и на стереотипите, додаде претседателот на Собранието.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK