Судир меѓу „мерцедес“ и мопед, скопјанец со тешки повреди пренесен во болница

klinicki-centar-majka-tereza-drzavna-bolnica-800x600.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На 10.07.2024 во СВР Скопје било пријавено дека околу 11.50 часот на крстосницата на улицата „Радишанска“ и улицата „Бел камен“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со албански национални ознаки, управувано од 57-годишниот В.М. од Република Албанија и мопед управуван од 79-годишниот М.Р. од Скопје, извести МВР.


– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, велат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK