Филков- Бомгартнер: Франција е наш значаен партнер и пријател

0.0-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за правда Игор Филков оствари средба со амбасадорот на Франција Н.Е. Сирил Бомгартнер на која се разговараше за соработката меѓу двете земји во областа на правосудството, реформската агенда,проектите како и за следните приоритети на Министерството за правда опфатени со новата Стратегија за реформа во правосудниот сектор 2024-2028.


Амбасадорот Сирил Бомгартнер ги поздрави плановите на министерот за реформи и изрази подготвеност Франција да помогне во сите овие процеси со различна помош, вклучувајќи и екпертска.

Како особено значајна беше истакната соработката со судијата за врска што е во Белград и аташето за внатрешна безбедност во Скопје кои со своите активности помагаат во спроведувањето на реформите.

Се очекува во септември во нашата држава да пристигне експертот Сесилиа Мароние која ќе работи две години во Министерството за правда и ќе ни помогне во процесот на евроинтеграциите.

Филков и Бомгартнер се обврзаa за натамошно зајакнување на билатералните односи и интензивирање на соработката од заеднички интерес.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK