Сестрата на последниот шеф на Коза Ностра е осудена на 14 години затвор

Screenshot-2024-07-12-112111.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Сестрата на починатиот сицилијански мафијашки бос Матео Месина Денаро е осудена на 14 години затвор за мафијашко здружување, објавија италијанските медиуми. Росалија Месина Денаро беше уапсена во 2023 година под сомнение дека играла клучна улога во мафијата предводена од нејзиниот брат.


69-годишната жена, исто така сопруга на затворениот мафијаш Филипо Гутадауро, ненамерно ѝ помогнала на полицијата да го најде нејзиниот брат во бегство, благодарение на чкртаницата што ја сокрила во ногарката на алуминиумското столче во нејзиниот дом. Полицијата ја пронашла додека таму се обидувале да сокријат уред за прислушкување. Белешката открива дека нејзиниот брат боледува од рак, објави Би-би-си.

Матео Месина Денаро беше еден од најсуровите шефови во Коза Ностра. Исчезна во летото 1993 година, а следните 30 години ги помина во бегство. Инспекторите го бараа со години, прислушувајќи ги членовите на неговото семејство и неговите пријатели, а неговата одлука да побара третман од рак доведе до негово апсење во јануари 2023 година, кога ја посети здравствената клиника во Палермо. По неколку месеци, тој починал во затворскиот оддел во болницата во Аквила.

Розалија, доверливата и „алтер-егото“ на Денаро, беше единствениот член на семејството кој знаеше за дијагнозата на рак на нејзиниот брат пред да умре. Инспекторите веруваа дека токму таа играла голема оперативна улога во Коза Ностра, особено во последните неколку години од бегството на нејзиниот брат.

Таа е осомничена дека управувала со финансиите на мафијата и таканаречената мрежа на „pizzini“ – шифрирани пораки исцртани на парчиња хартија за да се обезбеди комуникација меѓу шефовите и членовите на бандата. Росалија е мајка на Лоренца Гутадауро, адвокатка која го бранеше нејзиниот вујко, мафијашкиот бос, по неговото апсење.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK