(ВИДЕО) Англија е вториот финалист на ЕП 2024

FINAL.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK









Англиската репрезентација е вториот финалист на Европското првенство 2024. „Гордиот Албион“ со пресврт ја совлада селекцијата на Холандија во Дортмунд и го закажа финалето против Шпанија.

Натпреварот на Вестфален заврши со резултат 2:1.

Англија е вицешампион од претходниот шампионат, каде во финалето во Лондон беше поразена од Италија на пенали, додека Холандија веќе беше елиминирана во осминафиналето од Чешка.

По две сосема различни полувремиња, благодарение на уште еден задоцнет гол, Англија успеа да се пласира во второто последователно финале на Европското првенство.

Англичаните беа подобар ривал особено во првиот дел, но повторно мораа да го чекаат крајот за да стигнат до последниот натпревар на турнирот.

Холандија подобро го започна натпреварот и поведе по седум минути со прекрасниот гол на Чави Симонс, кој му ја одзеде топката на Рајс и со силен удар го совлада Пикфорд.

Англичаните брзо одговорија и израмнија во 18. минута од пенал кој го доби и го реализира Хари Кејн.

До крајот на првото полувреме имаше само една екипа. Англија го прикажа најдобриот половина час од почетокот на турнирот и создаде неколку добри шанси.

Фоден имаше две шанси, но беше сопрен прво од Дамфиерс, а потоа ја погоди стативата.

Сè на сè, гледавме одлично прво полувреме, веројатно најдоброто досега на ЕП 2024.

Фудбалерите на Шпанија во вторникот со пресврт ги победија Французите со 2:1 и станаа првите финалисти на Европското првенство во Германија.

Финалето е закажано в недела на 14 јули во Берлин.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK