СДСМ Потсетува дека Христијан Мицкоски велеше дека Договорот со Бехтел и Енка е историски криминал.
Во бројни изјави, додаваат во нивната реакција, речиси хистерично ВМРО-ДПМНЕ велеше дека Договорот со Бехтел и Енка е штетен и дека е пљачка на народот.
„Денеска Александар Николовски се тоа го фрли во вода, пу пу не важи. Од денеска е се различно.
Од денеска ВМРО-ДПМНЕ и Владата на Христијан Мицкоски ќе го реализира истиот Договор со Бехтел и Енка.
Почетокот на мандатот на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ покажува дека едно зборуваа како опозиција сега прават друго“, истакнуваат од опозициската партија.