Захарова: Русија ќе преземе мерки против Црна Гора поради забраната за руските медиуми

zaharova.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Русија ќе преземе соодветни мерки против Црна Гора, која од 10 јули забрани емитување на голем број руски медиуми, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, пренесува агенцијата Тасс.


„Сметаме дека уште еден напад на црногорската влада е непријателски чин на отворена цензура, со цел да се даде изглед на легитимитет на најгрубото кршење на медиумските слободи од една страна, а од друга страна да се добие наклонетоста на Брисел во надеж за ветен напредок на европскиот пат“, рече Захарова, пренесува Тасс.

За да ја задоволат русофобната трансатлантска агенда, додаде таа, тие се подготвени да продолжат со политиката на поткопување на демократските основи на нивното општество и држава и да им го ускратат правото на своите граѓани да пристапат до информации.

На веб-страницата на руското Министерство за надворешни работи се наведува дека Агенцијата за електронски медиуми на Црна Гора им наредила на надлежните служби и локалните телекомуникациски компании „целосно да го прекинат емитувањето на руските медиуми најдоцна до 10 јули“.

Станува збор за 20 руски медиумски оператори, меѓу кои „Прв канал“, „Русија 1“, „РТ“, „Спутник“, „НТВ“, „РЕН ТВ“ и други.

Захарова изјави дека оваа одлука подразбира забрана за сателитско и кабелско емитување на нивната содржина, како и на секое друго средство за дистрибуција, вклучително и интернет.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK