(ВИДЕО) „Блиц криг“ на шпански начин за финале на ЕП

NAJNOVO-800x450.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Шпанските фудбалери се првите финалисти на Европското првенство откако во финалето ја совладаа репрезентацијата на Франција со резултат 2:1. Ова е петто финале во историјата на ЕП за Црвената фурија.

Шпанците имаа одлична шанса во 8. минута од натпреварот. Од десната страна Јамал упати центаршут и топката падна врз главата на Фабијан Руиз, кој на втората статива од шеснаесетникот необјасниво погоди над голот.

Во својот прв опасен напад Французите не ја направија истата грешка. Мбапе ја прими топката по левата страна, испрати центаршут, а на вистинското место се најде Коло Муани, кој со глава ја смести топката во голот.

Наместо да биде шокирана од водството на противниците, Шпанија продолжи многу организирано да напаѓа и само 12 минути подоцна израмни.

Ламине Јамал ја прими топката на околу 20 метри, ја повлече во средината и со помош на стативата го совлада Маињан со најубавиот гол на ЕП.

Французите останаа во нокдаун, а четири минути подоцна Шпанија го искористи тој факт и целосно го смени резултатот. Дани Олмо направи хаос во францускиот шеснаесетник, го испрати Чоамени во празно, шутираше, а Жил Кунде беше тој што ја испрати топката во сопствената мрежа.

По вториот гол на Шпанците, темпото значително падна, а бројот на опасните можности до полувремето значително се намали.

Во 40. минута Французите имаа слободен удар од опасна позиција, Дембеле го пронајде Упамекано на далечната статива, но пред него се најде Навас.

Тоа беше се во првото полувреме.

Французите во вториот дел влегоа со желба што побрзо да постигнат гол. Тоа можеа да го остварат во 53. минута, кога Дембеле изведе корнер, Чуамени беше највисок во скокот, но тоа беше лесна задача за Унаи Симон.

Првиот дел од вториот дел не изобилуваше со убава игра, најмногу благодарение на Шпанците кои се обидоа да го контролираат поседот и да ја забават играта во транзиција и да не им дозволат на Дембеле и Мбапе да им побегнат на дефанзивците.

Во 60. минута сепак Французите се заканија, Дембеле нафрли  но топката се најде во рацете на голманот Унаи Симон.

Следната шанса ја видовме во 76. минута. По гужва во шеснаесетникот, Тео Ернандез пропушти одлична прилика, шутираше со послабата десна нога од 16 метри, но топката заврши на трибините.

Нова шанса за триколорите дојде во 85. минута од натпреварот. Мбапе на левата страна ја повлече топката кон средината, шутираше од дваесетина метри, но таа отиде далеку над голот.

За повеќе од тоа немаше време ни простор, а Шпанија заслужено ги испрати Французите дома и го потврди билетот за финалниот меч во Берлин на 14 јули.


Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK