ВМРО-ДПМНЕ: Политиката на сијамскиот близнак на Венко, Зоран Заев донесе затруени плодови и штетни договори

zaev-filipce.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Политиката на свиткана кичма на сијамскиот близнак на Венко, Заев донесе затруени плодови и штетни договори од кои и денес Македонија едвај глава крева, реагира ВМРО-ДПМНЕ.



Од тука му порачаа на Венко Филипче наместо да пишува басни и писанија на социјалните мрежи во кои ни тој самиот не верува, да одговори дали чувствува вина што последиците од катастрофалните договори Македонија ги чувствува и денес.

„Политиката на свиткана кичма на сиамскиот близнак на Венко, Зоран Заев донесе затруени плодови и штетни договори од кои и денес Македонија едвај глава крева.

Братот по криминал на Филипче, Заев додека со едната рака се колнеше во идентитетот, со другата потпишуваше договори и мака немаше.

Членството во НАТО не е придобивка на Венко, но придобивка од Венко се десетици илјади луѓе кои ги загубија животите поради неспособниот Венко.

Венко Филипче наместо да се занимава со висока политика треба да одговори дали уште смета дека кабелот е виновен за запалената модуларна болница?“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK