Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, денеска оствари работна средба со Амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Н.Е. г-ѓа Ангела Агелер.
Како што известува Министерството, на средбата се разговарало за новоформираното министерство за неговите цели, активности и проекти.
Министерката Божиновска ја истакна огромната важност за реализирање на нови капитални инвестиции во полето на енергетиката и усогласување на постоечките закони со оние на Европската Унија во делот на енергетиката.
Неопходно е зајакнување на билатералната соработка меѓу двете земји, истакна Божиновска имајќи предвид дека стратешката определба која е во насока на зајакнување на односите со нашиот партнер САД.
На средбата се нагласи и поддршката на САД во делот на размена на искуства и знаење во сферата на енергетиката и обновливите извори на енергија, се наведува во соопштението на Министерството.